Видео

30 јули, 2019

Татјана е таму кај што припаѓа!

„Таму кај што припаѓам“ е насловот на новиот, штотуку објавен сингл од младата пејачка Татјана, која лани дебитираше на македонската сцена со летниот хит On My Mind“ (и македонската верзија „Зошто“), отпеан во дует со колешката Марија Ивановска од „Ај кју“.

Татјана овој пат силите ги здружи со Дина Јашари, чиј потпис стои на музиката и на стиховите, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Иван Јованов – Ивајо. Новиот сингл е издаден за „Урбан глобал“, а визуелно е дополнет од екипата на продукцијата „Год-ај(GodEye Producton), под режисерската палка на Гордан Божиновски.

Како изгледа и звучи „Таму кај што припаѓам“ од Татјана, дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑