29 март, 2017

Татијана Стефановска крена „Љубовна прашина“

Откако се врати од австралиската турнеја, фолк пејачката Татијана Стефановска за својата публика го промовира спотот за песната „Љубовна прашина“, која ја изведе на „Цветници“ минатата година. Музиката и аранжманот на песната се на Дејан Момировски, а текстот на Борче Нечовски, додека видеото е во реализација на „Веста продукција“ од Битола.

Татијана деновиве е почеста гостинка во естрадните ТВ емисии, каде покрај премиерата на новото видео има да раскаже и доста моменти од турнејата во Австралија.



Врати се горе ↑