Балкан tarkan

26 јануари, 2013

Таркан е обвинет за поседување дрога

Популарниот турски пејач Таркан е обвинет за поседување на дрога и опијати, како и нивна употреба. Ваквата одлука беше донесена од Третиот прекршочен суд во Истанбул, каде што и се одвива судењето на Таркан.

Исто така, од страна на државниот тужител беше побарано да се донесе одлука со која Таркан ќе се испрати на лекување од зависности, а ќе му биде изречена и условна казна.

Курир.Мк



Врати се горе ↑