Македонија 12472791_1171923202841709_1052509570559504296_n

30 март, 2016

Тарабунов наскоро со нов сингл и видео запис

„Дал има“ е насловот на новата песна на Александар Тарабунов, за која пејачот деновиве снимаше и видео запис, а премиерата се очекува кон средината на април. Покрај тоа што ќе ја отпее, Тара се потпишува и како комплетен автор на песната, а во претстојното видео во реализација на „Горила продукција“, друштво ќе му прави манекенката Викторија Пеовска.

тара

„Песнава ја напишав пред неколку месеци и мене лично ми е една од поомилените. Се надевам дека на публиката ќе ѝ се допадне она што го сработив“, изјави Тарабунов, кој порано годинава го најави и својот долгоочекуван прв албум, каде што ќе бидат сместени 20 песни.

Додека го очекуваме новиот сингл, уживајте со летниот хит „Сакам, не сакам“.

Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑