Аудио tara-kkti-rmx

23 август, 2013

Тара со летен реге ремикс на „Кажи кој те има“

Песната „Кажи кој те има“ со која Александар Тарабунов го освои второто место на МакФест во 2009 година, деновиве доби и свое летно ремикс издание со малку поинаков аранжман во реге стил. Текстот е потпишан од Кристијан Габроски, а авторот кој стои и позади оригиналната музика и аранжман – Хари Котларовски ја потпишува и оваа нова летна верзија. Како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑