Видео

19 јуни, 2019

Тара се загрева за летото со „Маска од насмевка“

За два дена и официјално ќе започне летото, а најдоброто загревање за најтоплото годишно време е токму песната! За тоа се погрижи и Александар Тарабунов, кој штотуку го претстави својот нов сингл и потенцијален летен хит насловен „Маска од насмевка“.

Музичарот ја најави новата песна уште пред еден месец, кога откри и дека автор на музиката е самиот тој, а стиховите се на Робин Зимбаков, додека сето тоа го аранжираше и продуцираше веќе редовниот соработник Роберт Билбилов. Летниот хит не би бил целосен без соодветна екранизација, а за тоа се погрижи Зоран Зонде Стојановски, снимајќи ги кадрите на идиличното црногорско крајбрежје, поточно во стариот град во Будва.

„Маска од насмевка“ доаѓа како своевидно логично продолжение на минатогодишниот макфестовски хит „Би те одбрал само тебе“, а дали наскоро ќе можеме да очекуваме и цел албум од Тара, ќе дознаеме наскоро. Со неговиот нов летен хит можете да уживате во продолжение!



Врати се горе ↑