Видео

13 декември, 2018

Тара и Барбара со дуетска верзија на макфестовската „Би те одбрал само тебе“

Годинашното, 33. по ред издание на фестивалот „Макфест“ навистина ни понуди бројни потенцијални евергрини, а за да им го продолжат векот на своите песни, музичарите понекогаш одлучуваат да им направат и по некоја нова верзија. Токму тоа го направи Александар Тарабунов со одличната „Би те одбрал само тебе“, чија музика ја потпиша колешката Тамара Тодевска, а стиховите и аранжманот се дело на Роберт Билбилов.

" BI TE ODBRAL SAMO TEBE " New version of my song released feat. Barbara Popovic Special tnx to: music and arr. Robert Bilbilov video producer Zoran Zonde StojanovskiEnjoy and share 💃🕺

Gepostet von Aleksandar Tarabunov am Mittwoch, 12. Dezember 2018

 

Имено, оваа одлична тема сега си доби освежување во форма на дует со уште една млада ѕвезда во подем – Барбара Поповиќ. Некогашната македонска претставничка на детската Евровизија (2013) дебитираше на сцената на годинашниов „Макфест“ со „Не си ти крив“, па веруваме дека токму од дружбата на популарниот фестивал се родила и идејата за дует.

Malku ponezna varijanta na “ Bi te odbral samo tebe” promo… share…

Gepostet von Robert Bilbilov am Mittwoch, 12. Dezember 2018

 

Билбилов и овој пат се погрижи за аранжманот, а сето тоа визуелно го дополни режисерот Зоран Зонде Стојановски, кој ја направи и филмската екранизација за оригиналот. И двете варијанти се вистинско освежување на нашата сцена, а како звучи „Би те одбрал само тебе“ во изведба на Тара и Барбара дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑