23 мај, 2016

Тара го претстави новиот сингл и видео запис за „Дал има“

Александар Тарабунов штотуку го објави својот нов сингл и видео запис насловен „Дал има“. Станува збор за уште една одлична песна од познатиот пејач, кој се потпишува и како автор на музиката и текстот, аранжманот го направи Дамјан Лазаров, а мастерингот е на Иван Јованов, во продукција на „Горила“. За екранизацијата, пак, се погрижи екипата на „Горила филмс“, а главните улоги им припаднаа на самиот Тара и преубавата ракометарка Викторија Пеовска од Куманово.

Песната и видео записот се поддржани со Законот за субвенционирани композиции на Министерството за култура и Македонската радио телевизија.



Врати се горе ↑