Промоции 17155248_1836758966579261_353120828131269744_n

12 април, 2017

Тапанар во светот на електрониката: „Драмелоди“ промоција на албумот „Аеро“ во Скопје

На 22 април  со локација во ресторанот „Барбакан“ во Скопје, сараевскиот футуристички бенд „Драмелоди“ (dRUMELODY) за прв пат во Скопје ќе одржи промоција на новиот албум „АЕРО“, во издание на „Денсинг беар“/„Ворнер мјузик“, Хрватска.

Албумот го сочинуваат 9 песни, а обвивката е креирана според главната хероина од стрип изданието на Берин Тузлиќ ака „Драмелоди“, насловен „Devil In Side“, според кој е изработен и првиот видео анима сингл за пената „Bad Sunshine“.

„Драмелоди“ (dRUMELODY) е „бенд од еден човек“ (оne man band), во кој главен збор има тапанарот, перкусионистот, стрип цртачот и аниматорот Берин Тузлиќ, чиј краток анимитан филм „Реквием за Пинокио“ минатата година се најде во официјална конкуренција на Канскиот филмски фестивал. Главна карактеристика на овој музички концепт е во тоа што тапанот како инструмент го има главниот збор. Токму затоа „Драмелоди“ привлекува сè повеќе внимание со необичните настапи во живо не само на Балканот, туку и во другите европски градови како Берлин, Амстердам, Талин, Дубаи…

17352139_1843871159201375_5362628396273314486_n

Албумот е објавен на винилно издание и во мп3 формат и е достапен на музичките платформи „Дизер“ и „Гугл плеј“. Берин Тузлиќ е автор и на анимираните видео спотови кои го следат албумот, и кои ќе бидат изведени и на неговиот настап по промоцијата.

Добредојдени сте на промоцијата, каде авторот ќе подари винилни изданија на албумот, како и стрип табли од стрипот „Devil In Side“.



Врати се горе ↑