7 февруари, 2018

Тања и Владимир си признаа: „Љубов моја си ти!“

„Љубов моја си“ е насловот на новата песна на младите музичари Тања Бојковска и Владимир Ризоски, кои за овој проект ги здружија силите со колегата Ѓорѓи Крстевски, чиј потпис стои на целокупниот аудио-визуелен производ (музика, текст, аранжман, микс, мастеринг и видеопродукција).

Тања Б. се појави на музичката сцена пред десетина години, кога беше актуелна со песните „Сила“ и „Затворен е овој круг“ (и двете дело на Александар Масевски), а како соло-изведувач последно ја видовме на минатогодишниот Макфест, каде што настапи со композицијата „Трепет“ потпишана од колешката Сара Мејс. Заедно со Владимир, пак, публиката најдобро ги знае по бројните настапи низ Македонија, како и по учеството во втората сезона на регионалниот „Х фактор“ под името „Спарклс“.

Како звучи и изгледа овој одличен дует на Тања и Влатко дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑