Македонија 5818_625325384177319_836650435_n

17 ноември, 2014

Тања Царовска: „Си заминав на пола фестивал и никој не забележа!“

Познатата музичарка, која по подолга пауза повторно имавме можност да ја слушнеме на неодамнешниот „Скопски фестивал 2014“Тања Царовска на својот Фејсбук профил вчера го објави својот став и видување за манифестацијата, која уште следниот ден беше проследена со скандал. Нејзината објава во целост можете да ја прочитате во продолжение:

„Не дека е нешто важно, но вие со совршен слух и адекватно техничко искуство кога се работи за живи настапи и озвучување на:

1. вокал
2. придружни вокали
3. матрица
4. оркестар

вие мајсторите кои ме оценивте како исклучиво лош пејач и со многу други зборови се “олеснивте” врз мене по мреживе – да се запрашавте некој како со вашите квалификации дали на Скопски фестивал нешто не беше во ред со мојот настап? Дали некој слуша солидна придружба во позадина или само некој тивок, чуден хаос? Дали некој слуша дека во споредба со другите песни, мојата песна има претивка матрица која ни јас не можев да ја чујам па да знам врз што да пеам? Дали знаете дека не успеав ни да пробам асално затоа што пробите каснеа и немаше време? Дали знаете дека звукот каснеше во моите монитори па кога пеев едно слушав што претходно сум испеала? Дали, кога сте толкави стручњаци, слушате колку фалш свират некои од виолините, кои и онака едвај се слушаат, и меѓу себе и во однос со другите? Дали слушате како во позадина се борат неколку различни тоналитети а јас се прашувам во лудило по кој да пеам? Дали слушнавте како рипнува матрицата на 2:10? Или пак само мене ме слушнавте како слабо пеам, другото по правило си е совршено? И дали знаете дека мене не ми беше дозволено да си направам сама аранжман каков сакам, било само со клавирска или гитарска придружба или со она што ми одговара, со одговор од МРТ дека аранжманот мора да биде напишан од некои од аранжерите на МРТ и дека мора да биде за голем ревиски оркестар? Се прашувам кај беше ревискиот оркестар во некои од другите песни? Да не по грешка го ставиле на mute? Дали знаете дека сама влегов во Метрополис, сама излегов на сцена и сама си отидов, без никој од организаторите да ме примети? Дали знаете дека немаше столче да седнам позади сцена и да се одморам пред настап? Дека немаше доволен број на столици за сите учесници? Дека немаше каде да се оди во веце, дека немаше назнака каде има тоалет? Дека стоев простум 45 минути и дека еден од другите учесници замолив да ми го отстапи својот стол да седнам една минута, затоа што од утринската проба не сум успеала да седнам? Дали знаете дека си заминав на пола фестивал и никој тоа не го примети?
Или пак сето тоа не е важно, јас и покрај се треба да бидам совршена, како вас?
А, ќе заборавев, честитки за организаторите и со среќа на €сонг!“

Покрај нејзината композиција, Царовска на фестивалот се потпиша и како автор на темата „Заљубен“, која ја отпеа Мијата. Музичарката, која живее и работи во Лондон, постигна голем успех и во филмската музика, особено за филмот „Троја“, како и „Страдањата на Исус“ на Мел Гибсон и македонскиот филм „Мајки“ на Милчо Манчевски.



Врати се горе ↑