Македонија tzar-1

13 февруари, 2013

Тања Царовска е добитичка на Греми награда

Во неделата на 10.02.2013 година во легендарниот Холивуд се одржа доделувањето на најпрестижните светски музички награди Греми, на кој зедоа учество разни музичари од цел свет.

Наградата за Најдобар поп инструментален албум ја освои познатиот американец, музичарот Крис Боти, за својот  албум „Impressions” во кој има и една заедничка изведба со ресенчанката Тања Царовска, пишува Преспана. Музиката е напишана од оскаровецот Габриел Јарет, текстот за хорот е на Тања Царовска, која со нејзиниот прекрасен глас  во нејзин препознатлив стил го надополнува прекрасното свирење на Боти.

Минатата година Боти заедно со својата музичка екипа специјално допатува од Лос Анџелес во Лондон за да ја сними песната заедно со  Тања Царовска во  познатото лондонско студио AIR, сопственост на Џорџ Мартин, менаџерот на легендарни Битлси . По снимањето, Крис Боти презадоволен ја поканил Тања за идна соработка.

Песната  „Sevdah” која заеднички ја снимија се најде на албумот кој ја понесе Греми наградата за Најдобар инструментален албум.

 

Извор и фото: Преспана



Врати се горе ↑