Промоции 39fa1985-1a3a-487c-8270-97165e86bfae

12 декември, 2014

„Танец“ промовира компилациско издание по повод 65 години постоење

По повод 65 години од постоењето на Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија – „ТАНЕЦ“, „Југотон рекордс“ има за чест да ви го претстави новото издание (цеде и дивиди) кое е компилација на 25 оригинални аудио снимки и 120 минути видео материјал.

На ден 15.12.2014 (понеделник) во 11.00 часот ќе се одржи промоција во продажниот салон на „Југотон рекордс“ во Скопје (Г.Т.Ц., 1 кат) кога воедно сите посетители ќе имаат можност да го купат изданието по промотивна цена.



Врати се горе ↑