23 јули, 2014

Танцувачки задник-робот во новиот видео запис на „Бејзмент џекс“

По кратката пауза, британското дуо „Бејзмент џекс“ (Basement Jaxx) се враќа на музичката сцена со нов албум. По преработката на нивниот постар хит „Mermaid Of Bahia“, овој пат преименуван во „Sereia De Bahia”како придонес за СП во фудбал кое годинава се одржа во Бразил, дуото неодамна го претстави својот нов сингл со кој го најавува седмиот по ред студиски албум „Junto“, закажан за 25 август годинава. Станува збор за темата насловена „Never Say Never“, која денеска доби мошне интересно и несекојдневно видео издание. Имено, главната улога во спотот ја има танцувачкиот задник-робот наречен „TW3RK-BOT 1.0.“, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

„Junto“ доаѓа по пауза од пет години и ќе го наследи нивното шесто студиско издание „Zephyr“ од 2009 година, а дуото во меѓувреме ги објави и сингловите „Back 2 The Wild“, „What a Difference Your Love Makes“ и „Unicorn“. Списокот со песни кои ќе се најдат на новиот албум можете да ги видите во продолжение.

  1. “Intro”
  2. “Power to the People”
  3. “Unicorn”
  4. “Never Say Never”
  5. “We Are Not Alone”
  6. “What’s The News”
  7. “Summer Dem”
  8. “Buffalo”
  9. “Rock This Road”
  10. “Sneakin’ Toronto”
  11. “Something About You”
  12. “Mermaid of Salinas”
  13. “Love Is At Your Side”


Врати се горе ↑