Настани ImageProxy1

27 јуни, 2014

Танцовиот рај на Земјата е на „Си Денс“ фестивалот!

Дали сте подготвени за најлудата журка на плажа ова лето? „Си Денс“ фестивалот ја најавува новата бина Денс Парадајс, морската верзија на Денс Арена, за сите обожаватели на електронската музика, кои ги очекува незаборавна забава покрај звуците на морето и врелите допири на сонцето. Дали сте подготвени за рајот на земјата, на дневните журки на една од најубавите плажи на Јадранот, прекрасните залези на сонцето во звукот на енергичните битови, џускање со коктел на плажа и дружење со целата екипа за време на врелите ноќи ноќите?

На бината на која програмата почнува секој ден во раните попладневни часови, а трае сè до раните утрински часови, ќе настапи кремот на светската електронска сцена, РОЏЕР САНЧЕЗ (ROGER SANCHEZ), ТИМО МАС (TIMO MAAS), ПАЧИФИ (PATIFE), МАРК НАЈТ (MARK KNIGHT, SPECIAL DAILY SET), КЛИНГАНДЕ (KLINGANDE, SPECIAL DAILY SET), а покрај нив ќе се претстават и „грб со грб“ сетовите составени од најдобрите претставници на српската и црногорската клубска сцена, лице во лице, грб со грб!

Покрај специјалните дневни настапи на Денс Парадајс бината, Марк Најт ќе загрее 30 000 луѓе за настапот на легендарните Андерворлд (Underworld) на главната бина на СДФ на 17 јули!

 

МАРК НАЈТ НА ГЛАВНАТА БИНА НА СДФ

Британскиот диџеј МАРК НАЈТ ќе настапи на главната бина на СИ ДЕНС фестивалот во четврток, 17  јули. За време на неговата кариера, која трае повеќе од деценија, Најт не ги напушти страниците на DJ Mag’s Top 100 DJ гласањата уште од дебитрањето на иститр во 2008 година. Во меѓувреме номиниран беше за Греми наградата за работата на албумот на групата Блек Ајд Пис, а минатата година го прослави и 10-тиот роденден на неговата етикета Тулрум Рекордс (Toolroom Records). Неговото наследство веќе го смести во водечките играчи во електронската денс музика, а судејќи по сè, сè уште не е ни близу до врвот на својата кариера.

Ѕвезда на првиот ден на Денс Парадајс бината ќе биде РОЏЕР САНЧЕЗ, ветеранот на хаус музиката, добитник на Греми наградите, водител на радиските емисии со дури 15 милиони слушатели и човекот кој направи ремикси за великаните како што се Дајана Рос, Кајли Миног, Дафт Панк, Мадона, Полис, Ноу Даут и Марун 5. Дваесет години кариера и ваквите референци говорат и тоа премногу за тоа од каков калибар е диџеј каков што е Роџер Санчез. Покрај него, во вторник на Денс Парадајс бината ќе биде претставен специјален сет од KЛИНГАНДЕ, а специјалните „b2b“ настапи на црногорско-српските музички пријатели ги вклучуваат: VLADO MILANOVIĆ b2b MANJANE, MR JOOLS b2b DOO, RAYO b2b FAKIR, FREAKY FUNK b2b LEA DOBRIČIĆ, VLADO MARKOVIĆ b2b MKDSL и BODZIE b2b MARKO MILOSAVLJEVIĆ.

Хедлајнер на вториот ден на Денс Парадајс бината е колоритниот и харизматичен германски диџеј и продуцент, ТИМО МАС. Тешко е да се поверува дека поминаа 15 години од славниот негов ремикс на нумерата „Azzido Da Bass – Dooms Night“, траката која го лансираше во врвот на германската електронска сцена, а уште потешко да се поверува дека тој врти плочи повеќе од 30 години. Не покажува знаци на умор, па во 2013 година го дочека и објавувањето на новиот албум „Lifer“ на кој гостуваат Кејти Крул, Џејмс Лавел од групата АНКЛ (UNKLE) и пејачот на групата Пласибо, Брајан Молко, со што уште еднаш го докажа својот неисцрпен музички диверзитет. Покрај него, вториот ден на фестивалот ќе настапат и: STEREO AMBASADA, SOFT 85 b2b GOYA, GILLERZ b2b LALE, CULE b2b DEJAN MILIĆEVIĆ, MILOK b2b VLADIMIR AĆIĆ, SERHI b2b SPEEDYи PS b2b KLAUS.

На самата завршница на фестивалот ќе се претстави славниот бразилски drum’n’bass диџеј, Вагнер Боржис Рибејро де Соуза (Wagner Borges Ribeiro de Souza), познат како ПАЧИФИ (PATIFE). За кратко време овој Јужноамериканец стана светски познат на drum’n’bass сцената, соработуваше со имиња како диџеј Марки и Рони Сајз и настапи на најголемите светски настани. Покрај него, последниот ден на СДФ ќе настапат и ILIJA RUDHAMAN b2b TONBE, IVAN MARKOLOVIĆ b2b NIGEL, MARAKU b2b FELONEEZY, CHEVALIER b2b RAHMANEE, 2BEAT OR NOT 2BEOKAT b2b RASHEED и SHARLO b2b NECONE.

Иако „Си Денс“ фестивалот завршува на 17 јули, журката на Денс Парадајс бината ќе продолжи и следниот ден за сите расположени кампери, а тогаш ќе се претстават MIGMAN b2b ZAKIRI, JAN D R b2b VON DISKO и SPECIAL CLOSING SET кој допрва ќе биде најавен!

 

SEA DANCE КАМППЛАЖА ЈАЗ

Спакувај го шаторот и препушти се на најлудата авантура која продолжува на една од најубавите плажи на Јадран – Јаз. Кампот на фестивалот ќе биде отворен од 14 до 22 јули. Кампот се наоѓа на самиот брег на морето, на само 50 метри од една од најубавите плажи на Јадран и сред главните фестивалски случувања, на само 50 метри од фестивалот. По врелите фестивалски ноќи скокни во шаторот и допушти утринските сончеви зраци да те повикаат на првото утринско капење. Престојот во кампот за време на Sea Dance фестивал ќе биде твоето најлудо животно искуство, за прераскажување и долго сеќавање.

Ако немаш шатор, ние мислевме на тебе, па во кампот ќе можеш да ја набавиш целокупната опрема по најповолни цени. Наполни се со позитивна енергија, бидејќи следуваат незаборавните ноќи на Sea Dance фестивал кој ќе биде одржан од 15 до 17 јули.

Допушти си ја оваа авантура за само 1 650 денари и уживај во специјалната атмосфера во кампот, кој претставува вистински фестивал во фестивалот, со маркет, Foodland, тушеви со топла и ладна вода, мијалници и тоалети и рецепција која работи нон-стоп. Поголемиот дел од кампот се наоѓа под природна ладовина, а не треба да се грижиш ниту за комарците и останатите инсекти – размисливме и за тоа!

За сите посетители на кампот достапен е и бесплатен Wi Fi, како би можеле да ги споделиме незаборавните моменти со целиот свет. Во непосредна близина на кампот се наоѓа и паркинг за 500 возила, а предвиден е и дополнителен паркинг за 2000 возила!

Авантурата може да почне!



Врати се горе ↑