21 март, 2016

Тамара за Мартија: „Ти си ѕвезда, ти си комета!“

Дека Македонија е расадник за млади таленти докажува и младата кумановка Мартија Станојковиќ, која со секој свој настап ги воодушевува и жирито во „Пинковите ѕвездички“ и целата балканска публика. Во последната епизода од оваа емисија, Мартија успешно совлада уште една тешка задача – да ја отпее баладата „Тешко без тебе“ од нашата ѕвезда Тамара Тодевска.

„Никој досега не се осмелил да ја испее ’Тешко без тебе’… Мартија растури. Браво мила. Ти си ѕвезда, ти си комета. Само напред до победа!“, вака пејачката ја поддржа својата помлада колешка, а како звучеше овој хит во изведба на талентираната кумановка можете да слушнете горе.

тт

Со пет подигнати столови и лавина од позитивни коментари таа обезбеди директен пласман во седмиот круг, а таму останува повторно да изненади со настап кој ќе се памети, бидејќи  повеќе од јасно е дека пред неа претстои блескава кариера.

Во текот на натпреварот, Мартија досега се претстави со уште неколку светски и балкански хитови, како што се „All About That Base“ од Меган Трејнор, „Take Me To Church“ од Хозиер, „How Deep Is Your Love“ од Келвин Харис и „Дисајплс“, „Влак“ од Александра Радовиќ, „Make It Rain“ од Ед Ширан, како и Бондовата „Writing’s On The Wall“ од Сем Смит.



Врати се горе ↑