Македонија 2016

29 декември, 2015

Тамара во Скопје, Кајмакоски во Битола, Калиопи во Охрид… еве кој каде ќе пее за Нова година

Уште само два дена нè делат од крајот на оваа и почетокот на Новата 2016 година, така што веќе е позната празничната програма на повеќето градови ширум Македонија. И овој пат изборот е составен претежно од македонски изведувачи и балкански изведувачи, па така на централната прослава на плоштадот „Македонија“ во Скопје, посетителите ќе имаат можност да се забавуваат со поп дивата Тамара Тодевска и хрватскиот кантавтор Оливер Драгојевиќ. Присутните на плоштадот „Јадран“, пак, ќе уживаат со хитовите на „Дубиоза колектив“, Кирил Џајковски, „Саунд месинџерс“, „Суперхикс и други.

Победникот на првата сезона од регионалниот „Х фактор“ и годинешен евровизиски претставник на Македонија, Даниел Кајмакоски заедно со фолк легендата Наум Петрески ќе бидат главни ѕвезди на прославата на плоштадот „Магнолија“ во Битола, додека охриѓани ќе се забавуваат со сограѓанинот Боби Мојсоски, Викторија Лоба и нашата евровизиска претставничка за 2016 година, Калиопи. Прилепчани, пак, ќе имаат „Шербет“ расположение со прекрасните песни на „Љубојна“.

Навистина одличен избор на изведувачи, а ние се надеваме дека одлично ќе си поминете каде и да одберете да ја дочекате Новата 2016 година! Среќни празници!

 



Врати се горе ↑