25 февруари, 2014

Тамара Тодевска со видео запис за „Тешко Без Тебе“‏

Синоќа во култниот клуб  Станица 26“ беше промовиран долгоочекуваниот видео запис на Тамара Тодевска за второнаградената композиција на „Скопски Фестивал 2013“ за темата Тешко Без Тебе“дело на Роберт Билбилов и Тамара, аранжманот на Роберт, а текстот е дело на маестро Игор Џамбазов.

Овој видео запис го изработи нејзината продукција „Горила Филм“, во продукција на Македонската Радио Телевизија, под режисерската палка на уникатниот Мерт Аслани, директор на фотографија беше Драган Паковски – Пако, додека за видео монтажата беше задолжен Милан Туциновски.

За Тамара да изгледа како што и заслужува се погрижија Ивана Кнез со нејзините креации и еден од најдобрите Make Up артисти Арменд Рамадани. Во видео записот се појави и актерот Благој Веселинов кој перфектно го одглуми својот дел, а видео записот се снимаше на локација во близина на Скоската населба Кучково.

Тамара пред самата промоција одржа краток говор каде се заблагодари до сите колеги, фанови, медиуми, пријатели и помагатели кои постојано ја поддржауваат и најави дека овие неколку изминати години се само почеток на она што доправа следува од неа.



Врати се горе ↑