Македонија 486802_10151218596291113_800241860_n

25 октомври, 2012

Тамара Тодевска со видео за „Готово е“

Изминатиот викенд се снимаше специјален видео запис за темата „Готово е“ со која Тамара ќе настапи на овогодинешниот МакФест 2012. Видео записот ќе биде дел од големата сценографија и ќе биде ексклузивно прикажан на Макфест.

„Беше голем предизвик да се реализира овој проект поради многубројните техники кои се користеа за снимањето на овој видео запис. Една од тие техники се нарекува Time Laps или попросто кажано илјадници фотографии споени во едно видео.“- ни изјавија креаторите на овој видео запис, Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска.

Од неодамна, Тамара е новата ексклузивка на Горила Продукција. Темата на оваа песна е автобиографска, во која Тамара самата себеси се препознава и истата е сработена со многу емоции и посветеност. Зад ова музичко дело се потпиша Роберт Билбилов, а текстот го напиша Игор Џамбазов. Од Горила Продукција ни изјавуваат дека сите подготовки се при крај и  очекуваат Тамара да се претстави во најдобро светло.



Врати се горе ↑