Македонија tt

29 септември, 2014

Тамара Тодевска кажа ДА!

Викендов беше бериќетен за семејството Тодевски. Нивната ќерка  Тамара беше запросена од своето момче Александар Димитровски – Мачка, и секако таа кажа ДА, пишува „Вистина.мк“. Имено, Тамара и Мачка биле во врска подолго време, а на крајот на минатата недела за врската дознаа и медиумите. Сè уште не е познат датумот за венчавката, но она што се знае е дека Тамара добива огромен број честитки на Фејсбук, а пресреќна е и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.

 

Најверојатно кум на оваа естрадно-спортска двојка ќе  биде Перо Антиќ, кој заедно со Мачка е партнер во ресторанот Атланта. Сношти парот направи голема забава на која се собраа многу пријатели и беше исклучително весело. Меѓу гостите освен добрите пријателки на Тамара, Александра Сандра (официјалната старосватицата), Александра Белчева, Катарина Ивановска, беа и манекенката Елена Гајевска, Зоки Бејбе, стилистот Арменд. Една од највеселите гостинки беше поп дивата Калиопи Букле, а дел од атмосферата можете да погледнете во фотографиите во прилог.

Пејачката, која сè уште е актуелна со големиот хит „Тажна љубов, среќна песна“, наскоро ќе ја претстави својата нова соработка со Тони Зен и Роберт Билбилов, чиј наслов ќе биде „Промена“, а со темата „Брод што тоне“ ќе ја видиме на претстојниот Скопски фестивал закажан за 12 ноември.



Врати се горе ↑