Македонија tamara-phonix-ffyl

7 август, 2013

Тамара Тодевска и Phonix меѓу најдобрите 10 на талент листата на Спинин Рекордс

Откако се промовираше, новата песна „Fight for your love” на  Тамара Тодевска и продукцискиот тим Phonix (А.Митевски/Д.Бојанов) предизвика внимание кај поклониците на електронската денс музика од сите страни на светот . Песната беше пласирана на талент топ листата и за неколку дена се најде меѓу најдобрите 10. Веќе се работат и неколку различни стилски ремикси од реномирани диџеи низ светот, што говори за фактот дека „Fight for your love” е музички и продукциски одлично сработена нумера која звучи „radio friendly” и со ништо не заостанува зад комерцијалните денс траки кои се пуштаат.

Поддржете ги Тамара и Phonix на овој линк кој Ве води до страната на Спинин рекордс и на кој можете да гласате за оваа успешна македонска музичка сторија!



Врати се горе ↑