Галерија IMG_5137

14 јули, 2015

Тамара Тодевска го промовира својот втор албум „Еден ден“

Синоќа, во кругот на своите најблиски, Тамара Тодевска по цели 11 години го промовираше својот втор албум насловен „Еден ден“. На албумот се најдоа 13 композииции, меѓу кои 5 нови „Врвот е дно“, „Фрази љубовни“ со ДНК, „Промена“ со Тони Зен, „Трофеј“, „Баш на тебе“, пијано верзија на „Тажна љубов, среќна песна“,  неодамна претставената „Совршен крај“ и веќе добро познатите Готово е“, „Брод што тоне“, „Тажна љубов, среќна песна“, „Тешко без тебе“, „За миг со Даниел Кајмакоски и Залудно е.

 

На албумот работеа еминентни музички имиња како што се Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Магдалена Цветкоска – Ена, Нино Васков, Игор Џамбазов, Владимир Крстевски – Франц, Живоин Глишиќ, Тони Зен, Ксенија Николова и Панчо. Албумот е во издание на „Горила продукција“, која изминатите 4 години се грижи за сите ангажмани на Тамара Тодевска и истиот ќе биде во продажба од 15.07 во сите „Тинекс“ маркети и музички продавници по промотивна цена од 299 денари.  

Промоцијата се одржа во ресторанот „Атланта“, а на промоцијата покрај авторите Роберт, Лазар, Магдалена, Нино, присуствуваа и најблиските соработници и пријатели на Тамара како Арменд Рамадани, Дејан Манасков и Влатко Илиевски.

„Луѓе, јас сум многу среќна што конечно го промовирам мојот втор албум. Долго време го подготвувавме и навистина сум горда на она што го сработивме. Мене лично многу ми се допаѓа и сметам дека немаме ниту една утка на него, а тоа е најважно“, изјави Тамара, а каква беше атмосферата на промоцијата можете да погледнете на фотографиите во продолжение.



Врати се горе ↑