Македонија

31 јануари, 2019

Тамара Тодевска донесе специјална придружба на снимањето на „Еден на еден“

Секоја недела во емисијата „Еден на еден“ со Жаре можете да гледате гости од регионалната музичка сцена, кои отворено зборуваат за својот приватен и јавен живот. Деновиве се снимаше новата емисија која ќе се емитува овој викенд, а гости ќе бидат Тамара Тодевска и Жељко Самарџиќ.

Пејачката на снимањето на емисија се појави со специјална придружба, односно со нејзината ќерка Хана, а екипата на емисијата објави неколку фотографии од снимањето, каде што очигледно главна ѕвезда беше малата Хана.

Имено, малото преслатко девојче седна на софата каде вообичаено седат гостите….

А потоа настапи заедно со мама на музичката сцена во студиото.

Сево ова ќе можете да погледнете во најновата емисија на „Еден на еден“.

За потсетување, Тодевска неодамна стана мајка по вторпат и на свет го донесе синот Дарен, но не чекаше долго време да се врати на своите професионални обврски, па освен гостувањето во новата песна на Гуру Харе (Љубов), таа неодамна беше одбрана да биде и наша евровизиска претставничка во Тел Авив.

Фотографија на Tamara Todevska.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑