Видео

5 јуни, 2019

Тамара Стојковска дебитира со „Друга ѕвезда“

Тамара Стојковска е име за кое допрва многу ќе се слуша, иако дел од публиката веќе добро е запознаена со оваа млада и талентирана битолчанка. Имено, 22-годишната пејачка, која во моментов ги привршува студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот за музичка теорија и педагодија, е дел од групата „Страна Б“ и од професионалниот хор „Про арс“, а гостуваше и на концертот на Камерниот оркестар на Битола.

Пред две години имавме можност да ја слушнеме и нејзината изведба на евергринот „Ако одам во Битола, а истата екипа која застана зад овој проект стои и зад нејзиното првенче „Друга ѕвезда“ што беше претставено денеска. Станува збор за авторско дело на композиторот и аранжер Давор Нечак, кој свири и на пијано, а стиховите се на Јосип Коцев, додека во создавањето на прекрасната балада учествуваа и Зоран Костадиновски на гитара, Благоја Антовски на тапани, Коста Стеваноски на бас-гитара, Трајче Велков на труба, Христијан Донески на алт-саксофон, Стефан Неделковски на тенор-саксофон и Борислав Маневски на тромбон.

Сето тоа се снимаше во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев, а за видео-приказната беа задолжени Агон Исмајли и Зубер Красниќи. Главните улоги ги имаат самата Тамара и Валдет Кадриу, а статисти се: Ваљбона Фазлиу, Дејан Мицески, Христијан Мицески, Елена Босилковска, Ана Марија Босилковска, Димитар Стиснијовски, Науме Шентевски, Маја Каранфиловска, Стефан Мицевски, Цветанка Црљеница, Усаин Дуровски, Александар Митаноски, Аријан Јусеиновски, Јусиф Хусеин, Блерта Шабани, Ветон Шабани, Ардит Шехи, Емилија Кочова, Благојче Поповски, Биби Дабеска, Емили Христоска, Филип Каревски, Емили Јаниќ Дачевиќ, Јулијан Мицевски, Данаил Шутевски, Стефан Младеновски, Иман Бајрами, Зана Каили и Леонат Каили.

Неизмерно сум среќна што можам да ја споделам ,,Друга ѕвезда” со вас!✨Благодарност до целиот тим со кој со многу…

Gepostet von Tamara Stojkovska am Mittwoch, 5. Juni 2019

 

„Земи сништа, сотри љубов, и небото сè нека ми земе! Друга ѕвезда ќе нè допише во некое друго време“, пее Тамара Стојковска во својата прва песна, а како звучи и изгледа нејзината „Друга ѕвезда“, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑