Концерт

1 јули, 2019

Тамара со голем концерт во Античкиот театар во Охрид

Откако го постигна најдобриот пласман на годинашната „Евровизија“, со освоеното прво место од националните жирија на 41 земја и досега највисокото 7. место во финалето, Тамара Тодевска гордо ќе ја одбележи оваа успешна година и со голем концерт во Античкиот театар во Охрид, закажан за 27 јули и во организација на продукцијата „Авалон“.

„Како локација го избравме охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои сме ги правеле таму, биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите.  Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почетокот па сè до извонредните настапи со ’PROUD’ околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија“, пишува во соопштението од „Авалон“.

Влезниците за претстојниот концерт ќе бидат пуштени во продажба во ограничен број, од оваа среда (03.07) во девет часот наутро, онлајн и преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија по следниве цени и категории:

ПАРТЕР стоење – 500 денари
SILVER SEATS – 600 денари
GOLDEN SEATS – 700 денари

 

Освен најавата за концертот, пејачката најави и нов сингл што ќе го носи насловот „Rise“, па веќе претпоставуваме дека станува збор за уште една моќна тема со важна порака, како логично продолжение на евровизиската „Proud“.

Time for some new music.#Rise is coming soon.

Gepostet von Tamara Todevska am Sonntag, 30. Juni 2019



Врати се горе ↑