22 декември, 2014

Тамара сними видео запис за „Брод што тоне“

Во емотивна љубовна приказна раскажана преку танц со светло-сенки, Тамара Тодевска го претстави новиот видео запис за второнаградената тема на „Скопскиот фестивал 2014“ – „Брод што тоне“. Матичната куќа на Тамара, „Горила филмс“ е продуцент на записот. Спотот се снимаше на главната сцена во МНТ. „Горила филмс“ изразува јавна благодарност до македонскиот народен театар  за сесрдната помош при реализацијата на видео записот.

Комплетен музички автор на песната е Роберт Билбилов. Кореографијата во спотот ја осмисли Олга Панго, а танците ги изведуваа врвни македонски балетски играчи. Директор на фотографија на спотот е Александар Крстевски, додека режијата и монтажата се на Горан Костадинов.

Фотографија: YouTube



Врати се горе ↑