Македонија 29380_480236385330418_956378877_n

4 декември, 2012

Тамара сними спот за „Залудно е“

Викендов Тамара Тодевска снимаше спот за песната „Залудно е“, со која настапи на Скопскиот фестивал, пишува Вест. Спотот го работеше режисерското дуо Нена Зафировска и Владимир Дади Ивановски, постојани соработници на Горила Продукција, чија екслузивка е Тамара. Дел од снимањето беше и нејзиниот стилист Арменд Рамадани.

Поп-пејачката на голема врата се врати на сцената со настапот на МакФест со хитот „Готово е“, кој го потпишуваат Роберт Билбилов и Игор Џамбазов. „Готово е“ во моментов е една од најслушаните македонски радио хитови. По Макфест, на Скопскиот фестивал ја испеа „Залудно е“, а на радискиот фестивал МАРС ја доби третата награда за песната „Можеш ли“.

Извор: Вест



Врати се горе ↑