Аудио tamara-phonix-ffyl

2 август, 2013

Тамара сними песна на англиски јазик: Слушнете ја „Fight For Your Love“

По одличниот концерт во Колосеум и актуелниот хит „Само сакам да“,  Тамара Тодевска деновиве претстави уште една нова песна, овој пат на англиски јазик. Пејачката заедно со продукцискиот тим Phonix (Александар Митевски/Давор Бојанов) во скопското студио „Торус“ ја сними песната насловена „Fight For Your Love“, која веќе може да се слушне на домашните радио станици, а наскоро ќе се најде и на неколку европски топ листи. Како звучи новиот потенцијален хит можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑