Македонија 1468644_10152039460906113_92661866_n

18 јануари, 2014

Тамара снима видео запис за „Тешко без тебе“

Прекрасната балада која го освои второто место на минатогодишниот Скопски фестивал, авторското дело на Роберт Билбилов и Игор Џамбазов – „Тешко без тебе“ во интерпретација на Тамара Тодевска наскоро ќе добие и свое видео издание. Ексклузивката на Горила продукција веќе подолго време го подготвува нејзиниот втор албум, кој се надеваме ќе пристигне во текот на годинава и тоа по пауза од цели десет години откако во 2004 година го објави нејзиното првенче „Сино“. За новиот материјал Тамара соработува со автори како што се Никола Васков, кој го потпиша и хитот „Немирна“, Лазар Цветкоски, како и авторот на одличните балади „Готово е“ и „Тешко без тебе“, Роберт Билбилов.

 



Врати се горе ↑