Македонија Tamara 2

30 октомври, 2014

Тамара се збогува со русата коса

Пејачката која ги отпеа најслушаните хитови во изминатиов период, Тамара Тодевска реши повторно да експериментира со стилот и бојата на косата, така што карактеристичната руса нијанса ја замени со потемни прамени, а дека одлично изгледа и во оваа варијанта можете да се уверите сами кога ќе ја видите фотографијата на која позира заедно со својот мачор.

Иако сè уште ги пееме рефрените на „Тажна љубов, среќна песна“ и баладите „Тешко без тебе“ и „Готово е“, веруваме дека ќе наскоро нè почести со уште заразни песни. Следно ќе ја видиме на претстојниот „Скопски фестивал 2014“, каде што ќе настапи со темата насловена „Брод што тоне“, а неодамна беше најавена уште една соработка со Тони Зен.

И.Ј.



Врати се горе ↑