Промоции Покана.. (1)

24 февруари, 2014

Тамара промовира нов видео запис

Пејачката која на неодамнешните манифестации „МРТ за најдобрите“ и „Златна Бубамара на популарноста“ ги доби наградите Поп хит на годината за „Готово е“ и Македонска пејачка на годината, Тамара Тодевска вечерва ќе го промовира својот нов видео запис за темата „Тешко без тебе“, со која се претстави на минатогодишниот Скопски фестивал и го освои второто место.

Баладата која е авторско дело на Роберт Билбилов и Игор Џамбазов е екранизирана од страна на БМА Продукција под режисерската палка на Мерт Аслани, а за прекрасниот изглед на Тамара се погрижи дизајнерката Ивана Кнез. Промоцијата е закажана за вечерва, понеделник 24-ти февруари, со почеток од 20.30 часот во Станица 26.



Врати се горе ↑