Македонија tamara3

31 декември, 2012

Тамара, Нокаут, Тони Зен… за Нова Година на плоштад Македонија

За дочекот на Новата година на плоштадот Македонија во главниот град, присутните ќе се забавуваат со македонски изведувачи. Нокаут, Тамара Тодевска, Роберт Саздов, Тони Зен, Аделина Таири, Дани, Бени, како и познати македонски диџеи ќе бидат учесниците на традиционално организираниот пречек кој ќе започне во 20.00 часот, а се очекува да трае до раните утрински часови, а точно на полноќ ќе има и огномет.

Годинава ќе бидат поставени големи екрани на кои сите посетители, преку испраќање СМС-пораки, ќе можат да ги испраќаат своите желби и честитки за што поубава и побериќетна 2013.

 



Врати се горе ↑