Македонија

16 јули, 2019

Тамара најави европска турнеја

По огромниот успех на годинашната „Евровизија“, Тамара Тодевска наесен ќе одржи неколку концерти низ Европа. Првиот настап е закажан за 5 октомври во шпанската престолнина Мадрид, на 2 ноември ќе продолжи во холандскиот град Архус, а на 30 ноември ќе настапи во Келн, Германија.

„Многу сум возбудена што ќе настапам во Мадрид, Архус и Келн оваа есен. Едвај чекам да ве видам! Повеќе информации наскоро“, порача пејачката, која неодамна ги откажа настапите на прилепскиот „Пивофест“ и концертот во Охрид заради негативните реакции на јавноста по изведбата на постара верзија на македонската химна, притоа не споменувајќи ги имињата на македонските народни херои.

Таа неодамна најави и нов сингл што ќе го носи насловот „Rise“, чија премиера се очекува наскоро.

So excited to perform in #Madrid, #Aarhus and #Cologne this Fall. Can't wait to see you all. More info coming soon. ❤

Gepostet von Tamara Todevska am Montag, 15. Juli 2019



Врати се горе ↑