Македонија 407768_480236415330415_1842355594_n

20 ноември, 2012

Тамара ќе снима спот за „Готово е“

Еден од најдобрите македонски вокали, пејачката Тамара Тодевска за весникот „Вечер“ изјави дека до крајот на годината ќе промовира видео запис за макфестовската „Готово е“, со која направи бум уште на првата полуфинална вечер. За горенаведениот медиум Тамара изјавила: „Се наоѓам во одличен период. Ми годат комплиментите дека сум ослабена. Навистина се трудам, многу вежбам и внимавам на исхраната“, додавајќи дека покрај изгледот, се труди да си го смири темпераментот и да не се нервира, особено затоа што песната „Готово е“ предизвика лавина озборувања, особено затоа што насловот стигна многу брзо по раскинувањето на врската со Бертан Арслани.

По настапите на МакФест и Скопски фестивал, Тамара ќе ја видиме и во четврток на сцената на Универзална Сала, каде што ќе настапи со „Можеш ли“, песна која е во трката за најголем радиски хит на фестивалот МАРС 2012. Инаку, ексклузивката на „Горила Продукција“ периодов има настапи во кафулиња и ноќни клубови низ Македонија, а веќе во петок струмичани ќе можат да уживаат во нејзината изведба во Art Plaza Cafe.

Фото: Ани Дими



Врати се горе ↑