Видео Tamara-tesakam5

9 март, 2017

Тамара ја отпеа „Je t’aime“ од Лара Фабиjан

Талентираната македонска пејачка Тамара Ангеловска повторно ѝ приреди изненадување на јавноста и за 8 Март, денот на жената, таа ја промовираше својата најнова преработка на песната Je t’aime или „Те сакам“ од белгиската пејачка Лара Фабиjан.

Имено, станува збор за нова преработка повторно од мега популарен артист како Лара Фабиjан, која важи за најдобар женски вокал во Белгија, неполн месец откако Тамара одлучи да го освојува албанскиот пазар со евровизискиот хит „Suus“ на Рона Нишлиу, за што самата Рона кажа дека тоа е најмоќната верзија на песната што некогаш ја слушнала.

Tamara-tesakam4

Преработката за песната „Je t’aime“, Ангеловска ја направи со својот веќе проверен тим. Музичкиот дел е дело на Иле Спасев, додека режијата и самото снимање на видеозаписот му ги препушти повторно на Џулијани и неговата „Џубокс видео“ продукција. За нејзиниот изглед и овој пат се погрижија стилистите од бутикот „Голден Гарден“ од Велес, кои за Ангеловска избраа прекрасен фустан од новата колекција.

„Полека ја подготвувам мојата трета студиска песна која повторно ќе биде со светски призвук, додека што се однесува за преработките на песните, со мојот проверен тим веќе работиме на следната, еве можам да откријам, следната ќе биде на руски јазик. Станува збор за една прекрасна песна и автори кои сè уште е рано да ги откријам“, вели Ангеловска.

Tamara-tesakam

Лара Крокаер (родена на 9 јануари 1970 година), или позната како Лара Фабијан е белгиско-канадска пејачка. Таа во својата кариера има продадено повеќе од 13 милиони албуми ширум целиот свет, а воедно е прогласена и за најпродаван женски артист на сите времиња во Белгија.

Како звучи оваа балада во изведба на Тамара можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑