Македонија tamara i toni

5 септември, 2014

Тамара и Тони Зен најавија нова соработка

По низата успешни соработки на Тони Зен и  Тамара Тодевска, познатите музичари најавија уште една заедничка песна која ќе биде претставена наскоро и која, според зборовите на Зен, ќе звучи „свежо и мрсно“, а темата чиј наслов сè уште не е познат, ќе биде продуцирана од Роберт Билбилов. Тамара и Тони позади себе веќе имаат повеќе дуети, меѓу кои „Сфатив“, „Не ме замарај“ и „Јас и ти“. Последнава се најде на минатогодишниот „МикроСкопски организам“ на Зен, кој е негово петто студиско издание, а Тамара сè уште работи на нејзиниот долгоочекуван втор албум кој ќе го наследи првенчето „Сино“ објавено во 2004 година.

Додека ја очекуваме новата песна, уживајте со нивниот последен дует „Јас и ти“, со текст на Тони и музика на Нино Васков.

 

 

 



Врати се горе ↑