Македонија 10561779_758353180852069_8919633958030709379_n

23 јули, 2014

Тамара и Даниел ќе снимат дует?

По настапите на „Пивофест“ во Прилеп, Тамара Тодевска и Даниел Кајмакоски деновиве заедно одмараат во Охрид, а веќе се шпекулира дека во план е и заедничка песна која за нив ќе ја направи Роберт Билбилов. Пејачката во моментов е актуелна со макфестовскиот хит „Тажна љубов, среќна песна“, како и со летната турнеја низ Македонија. Токму во Охрид ќе биде нејзиниот следен настап закажан за 31 јули во дискотеката „Парк“, потоа на 16 август на плоштадот во Дојран и 22 август на „Пиволенд“ во Скопје.

Покрај настапите на бројните манифестации во Македонија и регионот, Даниел е актуелен со соработката со Жељко Јоксимовиќ, песната „Скопје, Белград“, како и химната за „Лав Фест 2014“ – „Love Stimulation“, а во моментов е и во преговори за потпишување договор со хрватска продукција со која веројатно ќе го сними неговиот долгоочекуван прв албум.



Врати се горе ↑