4 јули, 2015

Тамара го претстави својот „Совршен крај“

Најновиот видео запис на Тамара Тодевска за песната „Совршен крај“ помина без нејзино учество. Во спотот игра докажаната актерка од МНТ, Катерина Шехтанска и штотуку дипломираниот актер од ФДУ, Тони Денковски. Tекстот на песната не кореспондира со содржината на приказната. Од текстот на песната е искористен лајтмотивот за несреќната љубов.  Спотов раскажува за една интригантна љубов, што е огромен товар врз постигнатото и создаденото во животот на една жена.

Спотот е во реализација на „Горила филм“, преку новиот закон за субвенционирани композиции.  Музиката е дело на Тамара Тодевска и Нино Васков, аранжманот е дело на Нино Васков, додека текстот е на Владимир Крстевски – Франц.

Од „Горила продукција“ најавуваат дека мошне скоро ќе се излезе долгоочекуваниот албум „Еден ден“, кој ќе го наследи нејзиното првенче „Сино“ од 2004 година, а концертната турнеја започнува вечерва (сабота, 4 јули) во Неготино, во клубот „Хавана“. Како звучи и изгледа „Совршениот крај“ на новопечената невеста Тамара, можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑