Македонија tt

3 декември, 2014

Тамара блесна во гламурозна венчаница

Иако до свадбата сè уште има време, веќе имаме можност да видиме како изгледа Тамара Тодевска во венчаница. Имено, пејачката која неодамна кажа „да“, беше дел од синоќешната ревија во „Сити хол“, каде што модната креаторка Мила Кадриу ја претстави својата нова колекција наречена „Кристална топка“ (Crystall Ball), а како што може да се види од фотографиите, Тамара одлично изгледа во оваа гламурозна креација.

Сопственичката на апсолутниот радиски хит за 2014 година утревечер ќе настапи во клубот „Станица 26“ во Скопје, каде што во живо ќе ги отпее своите најголеми хитови.

Насловна фотографија: Д. Митревски за „Вечер“



Врати се горе ↑