Македонија tamara3

27 октомври, 2012

Тамара блесна на МакФест

Вчеравечер во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се одржа првата полуфинална вечер од дваесет и седмиот по ред фестивал на забавни мелодии МакФест. Помеѓу осумнаесетте композиции кои имавме можност да ги видиме имаше од сè по нешто; поп, рок, денс и по некоја балада, а се претставија музички имиња кои одамна и се познати на македонската публика, но и дебитанти кои за прв пат застанаа на макфестовската сцена.

Уште еднаш МакФест докажа дека е „родно место“ на најголемите македонски хитови, бидејќи вчера слушнавме доста квалитетни мелодии, а и певливи рефрени кои се вистински рецепт за нов хит. Меѓутоа, несомнено е дека оваа фестивалска вечер публиката остана без зборови по настапот на Тамара Тодевска откако ја испеа „Готово е“. Песната чиј текст е потпишан од Игор Џамбазов, а музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов со кој Тамара ја обнови соработката по неколкугодишна пауза, таа изјави дека многу се пронашла во неа, па снимајќи ја во студио, неколку пати направиле пауза поради надојдените емоции. Токму тоа била причината што Тамара неколку дена пред МакФест се двоумела дали да го откаже настапот, плашејќи се да не се расплаче на сцената.

Но, за среќа на сите гледачи и нејзните фанови, Тамара не само што одлично ја испеа „Готово е“, туку и нејзиниот целокупен настап беше налик оној на Селин Дион за насловната нумера на Титаник. Прекрасен изглед, одлична интерпретација во комбинација со видео записот кој што беше специјално снимен за оваа пригода. Во продолжение погледнете го настапот од вчерашната фестивалска вечер, па се надеваме дека ќе ја видиме и во големото финале во недела, 28ми октомври. Само да Ве потсетиме дека вечерва е втората полуфинална вечер со почетокод 20.30 часот на МРТ 1.

 



Врати се горе ↑