Македонија Tamara Angelovska 2

12 април, 2017

Тамара Ангеловска подготвува две нови песни

Младата талентирана пејачка Тамара Ангеловска, која пред само неколку дена додаде уште две нови награди во својата колекција, а ги освои на меѓународни фестивали, активно работи на својата музичка кариера и наскоро ќе промовира две нови песни.

Имено, зад новата песна на македонски јазик стои веќе проверениот тим на Тамара, музиката и аранжманот се на хитмејкерот Иле Спасев, a текстот го напиша Даниела Хаџи-Тоневска, додека англиската песна е комплетно музичко дело на реномираната продукција „Хај рекордс“ (High Records).

Tamara Angelovska 3

Видеоспотовите за двете песни ќе бидат во режија на Џулијани и неговата продукција „Џубокс видео“, а Ангеловска ќе се појави во креации на Златко Јовановски.

Како потсетување, Тамара Ангеловска студира на отсек флејта во средното музичко училиште „Илија Николовски – ЛУЈ“ и годинава ќе матурира, а своето високо образование ќе го продолжи на еден од најпрестижните факултети за музика во Букурешт, Романија.



Врати се горе ↑