Видео

2 февруари, 2017

Тамара Ангеловска ќе го освојува албанскиот пазар

Младата пејачка Тамара Ангеловска, со фантастична изведба на евровизискиот хит „Suus“ на Рона Нишлиу и видео во режија на „Џубокс видео“, ќе го освојува албанскиот музички пазар.

Имено, талентираната Тамара, која пред само нешто повеќе од еден месец славеше полнолетство и ја промовираше својата втора песна насловена Не можам без тебе“, ја изненади јавноста со фантастична изведба на албанскиот евровизиски хит „Suus“, или на македонски „Тишина“, на Рона Нишлиу.

Tamara Angelovska (3)

Преработката на песната Тамара ја направи во студиото на Иле Спасев, додека режијата и снимањето на видеото му ги препушти на Џулијани и неговата продукција „Џубокс видео“. За нејзиниот изглед се погрижија стилистите од бутикот „Голден Гарден“ од Велес, кои за Ангеловска избраа свечена црна тоалета која одлично ѝ прилега.

Рона Нишлиу е албанска пејачка и текстописец, а со својот мега хит „Suus“ во 2012 година на Албанија ѝ го донесе високото 5. место на најгледаниот европски музички натпревар „Евровизија 2012“ во Баку, Азербејџан. Воедно ова е најдобриот пласман на Албанија во историјата на Евровизија, a како звучи оваа прекрасна балада во изведба на Тамара можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑