Свет Thalia--2048X1536-1166

23 октомври, 2012

Талиа со нов албум

Латино ѕвездата која ја знаеме од телевизиските сапуници, која е и талентирана пејачка ја започна нејзината музичката кариера уште во 1990 година. По десет албуми и многу телевизиски улоги, Талиа го најави нејзиниот единаесетти студиски албум кој треба да биде пуштен во продажба на 19ти ноември. Најавниот сингл за албумот со наслов „Habitame siempre“ е нумерата „Manías“ која беше издадена на 8ми октомври. Албумот ќе содржи 15 песни меѓу кои ќе бидат и дуетите со Мајкл Бубле и Роби Вилијамс, а насловната фотографија и листата со песни беа неодамна објавени на нејзиниот твитер профил.

Во текот на годините, Талиа имаше големи хитови како што е познатата „Amor a la mexicana“, а има и доста англиски верзии, особено откако во 2002 година се омажи и почна да соработува со продуцентот Томи Мотола, кој е поранешен сопруг на Мараја Кери. Во продолжение слушнете ја одличната балада „Manías“, која верувам дека ќе им се допадне на сите љубители на латино музиката.

 

 



Врати се горе ↑