3 февруари, 2013

Талентираните сестри на Бруно Марс

Добро познатиот пејач Бруно Марс очигледно доаѓа од многубројно, но и музичко семејство со потекло од Хонолулу, Хаваи. Неговите четири сестри тргнаа по неговите стапки и запливаа во музичките води, а деновиве го претставија и нивниот прв сингл насловен „Come Back“, кој доби и свое видео издание. Квартетот е составен од Пресли, Тиара, Џејми и Тахити, а за свое име го одбраа The Lylas, кое е кратенка од Love You Like a Sister. Четирите дами се и модели на Филипините, а во продолжение погледнете и слушнете како звучат талентираните сестри на Бруно Марс. Можеби наскоро ќе ги видиме и со заедничка песна.



Врати се горе ↑