Видео angela

11 јануари, 2017

Талентирана прилепчанка покажа како се пее во „Неки мали клинци“

Познато е дека сè поголем е бројот на македонските кандидати во српското шоу „Ѕвездите на Гранд“. Некои од нив ќе успеат во својата кариера, на некои кариерата ќе им заврши на сретпат, а некои ќе ги спакуваат куферите и ќе се вратат назад. Македонката Ангела Иваноска од Прилеп настапувше во „Неки нови клинци“. Таа се претстави со песната „Мојој мајци“ од Халка Палдум.

„Ти си слатко бонбонче. Ми се допаѓа твојот стајлинг. Ти навистина се избори и покажа дека знаеш да пееш“, изјави Марина Тадиќ, а Ивана Селаков додаде: „Ти оваа песна стварно супер ќе ја пееше ако зад себе имаше оркестар. Многу добро се снајде, многу ми се допадна референот. Ти си фин пејач и мислам дека можеш да пееш и забавно и народно.“

Ангела се пласираше во следниот круг, а нејзиниот настап погледнете го во следното видео (од 01.03 мин).



Врати се горе ↑