Македонија 53bed31cb74891ae64a31e4c592ef86d_XL

20 ноември, 2012

ТАКСИРАТ старт со 30 џабе концерти

Во петок, 23ти ноември стартува ПИН конференцијата – првата меѓународна музичка конференција во организација на „Таксират“ која ќе се одржува во Скопје, до 25ти ноември 2012 година.
Панел програмата на конференцијата ќе се одржува во просториите на „Дом на АРМ“ во Скопје и  ќе понуди различни дискусии кои ќе продрат длабоко во суштината на повеќе прашања од областа на музиката. Публиката ќе има прилика да чуе повеќе од 20 нови теми на панел дискусии, презентации, предавања, работилници, на кои ќе учествуваат повеќе од 250 домашни и странски експерти. За време на овие три дена „ПИН“ пречекува бројни НВО активисти, претставници на институции, музички продуценти, менаџери, музички новинари, букери, промотери, претставници на најголемите музички фестивали во Европа, млади музичари и експерти од цела Европа кои се активни во организирање и промовирање на културни настани, а само мал дел од нив се: Eurosonic, Rock’N Coke, Sziget, Exit, INmusic, Pohoda, Melt! и тн.
Сето тоа ќе биде надополнето со интензивна музичка програма која ќе се одвива во вечерните часови во неколку одбрани и алтернативни простори во градот со акцент на млади македонски бендови кои ќе имаат своевиден „showcase“ за времетраење на конференцијата. Сите вечерни настани ќе се случуваат на 4 локации: Дом на Арм, клуб „Хавана“, клуб „Колосеум“ и на наше особено задоволство, кината Вардар 1 и Вардар 2, кои за време на конференцијата ќе бидат отворени после 15 години. Програмата на ПИН вклучува преку 40 концерти, 4 театарски претстави, изложби, панели и презентации, за кои пак, ќе биде обезбеден онлајн видео пренос во живо.
ПИН МУЗИЧКА и КИНО ПРОГРАМА
Датум: 23.11.2012
21:00 – 00:00 Cinenights – Кино Вардар 2
21:00 – 21:25 Гласном – Кино Вардар 1
21:30 – 22:00 Шутка Рома Рап – АРМ сала
21:40 – 22:15 Сиз – Кино Вардар 1
22:00 – 22:30 Подземан Ефект – АРМ хол
22:30 – 23:15 Сашко Костов – АРМ сала
22:30 – 23:10 Лоши Деца – Кино Вардар 1
22:40 – 23:20 High Control – Клуб Хавана
23:25 – 00:00 Culture Development – Кино Вардар 1
23:40 – 00:30 Џа или Бу – Клуб Хавана
23:45- 00:15 Millko – АРМ сала
23:15 – 23:45 Blla Blla Blla… – АРМ хол
00:15 – 01:00 B!Zarre – АРМ хол
00:15 – 00:55 Боровски Штакори – Кино Вардар 1
00:40 – 01:40 Andreas Hz – Клуб Колосеум
01:30 – 03:30 Apply The Beat – Клуб Хавана
02:00 – 03:30 Diskobajagi – Клуб колосеум
Датум: 24.11.2012
20:00 – 20:45 Театарска претстава: Мостови – АРМ хол
20:30 – 21:00 Herzz – Кино Вардар 1
21:00 – 00:00 Cinenights – Кино Вардар 2
21:00 – 21:30 Длабока Трага – АРМ хол
21:15 – 21:40 Mindless Violence – Кино Вардар 1
21:30 – 22:00 Foolish Green – АРМ сала
21:30 – 21:55 Визија – Клуб Хавана
22:00 – 22:35 Conquering Lion – АРМ хол
22:10 – 22:45 Спот – Клуб Хавана
22:35 – 23:15 Мала Вита – АРМ сала
23:00 – 23:30 Калап  – Клуб Хавана
23:15 – 23:50  Да Џака Накот – АРМ хол
23:45 – 00:25 Флукс – Клуб Хавана
23:50 – 00:30 Lemon Bucket Orkestra – АРМ сала
00:30 – 01:00 Arieb Azhar – АРМ хол
21:55 – 22:20 Technology For Suicide – Кино Вардар 1
22:35 – 23:20 Killo Killo Banda – Кино Вардар 1
23:35 – 00:05 Новиот Почеток – Кино Вардрар 1
00:20 – 01:00 Blindfold – Кино Вардар 1
00:40 – 01:30 Wickeda – Клуб Хавана
01:40  – 02:40 Beta House – Клуб Хавана
02:45 – 04:00 Killo Killo – Клуб Хавана
Она што е најважно за сите вљубеници во живите свирки е дека сите концерти во рамките на „ПИН“ се со бесплатен влез до 01:00 часот после полноќ. После тоа, само во клуб „Хавана“ и клуб „Колосеум“ влезот ќе чини симболични 100 денари со вклучена конзумација.
Сите дополнителни информации и деталната програма, се достапни и на порталот на Таксират.


Врати се горе ↑