Настани 893550aa-e025-4e8a-9b78-3ed5e82df69d

27 ноември, 2014

„Таксират“ ја наградува верната публика со нова акција‏

Таксират“ секоја година ја наградува верноста на својата публика, за која фестивалот и овојпат организира посебни поволности. Благодарение на поддршката од телекомуникацискиот оператор „One“, „Таксират“ фестивал ви ја претставува новата акција со која „таксиратлии“ имаат посебна можност за купување на влезниците по привилегирана цена во рамки на „Џабест Таксират“ пакетот.

Знаеме дека најдобрата забава е секогаш со најголемото друштво, па на задоволство на сите оние кои фестивалот го посетуваат со својата екипа, ја започнавме акцијата со Џабест Таксират“ пакет која се спроведува во продажните салони на One“ низ Македонија. Во рамките на оваа акција, сите кои на фестивалот доаѓаат заедно со своите пријатели имаат посебна можност за гратиси при групно купување на влезниците. Имено, за купени 4 влезници добивате уште една влезница гратис! Но, она што не смеете да го заборавите е дека во рамки на оваа акција достапни се строго ограничен број на влезници, па морате да побрзате за да израдувате еден член на вашето „Таксират“ друштво! Акцијата ќе трае сé до денот на фестивалот, 7 декември или до истекот на залихите, а актуелната цена на влезниците за фестивалот изнесува 500 денари.

Соберете го вашиот тим и заедно бидете дел од главната вечер на 16-тото издание на „Таксират“ фестивал, кога на едно место, во „Метрополис Арена“ на 7 декември ќе можете да се забавувате со настапите на 8 изведувачи. Со „Џабест Таксират“ пакетот вие и вашето друштво сте веќе комплетно подготвени за најдобрата фестивалска атмосфера, одличните концерти и најдолгата забава која ќе трае до раните утрински часови. Конечно, во недела, на 7 декември на сцената во „Метрополис Арена“ во Скопје ве очекуваат значајни имиња од светската сцена кои првпат доаѓаат кај нас, но и најзначајните имиња од регионалната и домашната сцена.

Годинава големата бина на главната „ТАКСИРАТ“ вечер ќе ги пречека ненадминливиот трип-хоп уметник „ТРИКИ“ (TRICKY), холандскиот диџеј и продуцент кој многумина го сметаат за вистински технички и музички гениј Сандер Ван Дорн (SANDER VAN DOORN), култната хрватска електро-поп група „Денис&Денис“ (DENIS & DENIS), легендите на британскиот стрит-панк „Џи-би-ејч“ (GBH), контроверзното, немилосрдно и најпопуларно српско хип-хоп трио  „Бед копи“ (BAD COPY), уникатните и секогаш провокативни „ЛЕТ 3“ од Хрватска, нашите реге херои „КОНКЈУРИНГ ЛАЈОН“ (CONQUERING LION), но и специјалните гости од Словачка „Видрапена Бузирка Панк Систем“ (Vydrapena Buzirka Punk System) кои ги предводи Михал Касцак, директорот на еден од најголемите словачки, но и европски фестивали „Похода“.

Главната вечер на шеснаесеттото издание на „Таксират“ и атрактивната програма на фестивалот се реализирани благодарение на поддршката од телекомуникацискиот оператор ONE.

Ве потсетуваме дека актуелната цена на влезниците за „Таксират“ изнесува 500 денари за регуларните и 1.000 денари за ВИП влезниците. Продажбата на овие влезници се спроведува во продажната мрежа на МКтикетс или поточно во:

  • Продажните салони на „One“ низ Македонија
  • Во Скопје: „Југотон“, „МПМ Пресс“, „Гоги“ – Драчево, Универзална Сала, Кафе „Круг“ – Аеродром, Кафе „Браво“.
  • Низ Македонија: „Тобако“ – Охрид, „Алпине“ – Тетово, „Шишко“ – Кочани, „Агора“ – Куманово, „Хардрок“ – Битола.
  • Онлајн преку www.mktickets.mk .


Врати се горе ↑