Македонија TaksiratPoster

5 декември, 2012

Таксират екипа „3+1“‏

Најдобра фестивалска атмосфера, најзначајни имиња на светската и домашната сцена, најжешки концерти и најдолга забава… сѐ она што ги привлекува луѓето на „ТАКСИРАТ“. Ни остануваат само уште три дена до големото финале на ТАКСИРАТ 14 и вечерта која се „заканува“ да биде најексплозивното Таксират издание до сега.
Докажавме веќе дека најдобрата забава е секогаш во друштво, па токму поради тоа одлучивме да покренеме посебна продажна акција „3+1“ за сите подготвени да го преврат Скопје наопаку. Време е да ја преброите вашата Таксират екипа!
Од утре 6 декември, во сите продажни салони на ОНЕ, имате ексклузивна можност да купите пакет влезници за главната вечер на Таксират 14. Со оваа акција сите “таксиратџии“, средношколци, студенти, младинки и младинци…, ќе бидат привилегирани со можност за гратиси при групно купување на влезниците. Во пакетот, за купени 3 влезници по цена од 600 денари, корисникот добива една влезница гратис. Во продавниците на ОНЕ, влезници може да купи секој, но пакетот влезници (3+1 гратис) важи ексклузивно за корисниците на услугите на телекомуникацискиот оператор ОНЕ.
Главната Таксират вечер ќе се одвива во сабота, 8. Декември, во „Метрополис Арена“ во Скопје. Влезот за „таксиратлии“ ќе биде отворен од 18:00 часот, додека програмата на Таксират 14 финалето стартува во 19:00 часот, со настапот на влијателната реге-икона Тања Стивенс, а забавата ќе трае сѐ до раните утрински часови со концертот на најдобриот македонски електо-артист Кирил Џајковски.
Артистите кои годинава доаѓаат задолжени за незаборавно Таксират искуство, на 8ми декември ќе настапат по следниот редослед:
ТАЊА СТИВЕНС,
СКИНДРЕД,
ЧИСТА ОКОЛИНА,
ЧЕ СУДАКА,
ВАН ГОГ,
ПАРОВ СТЕЛАР,
КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ

ТАКСИРАТ ВОЛОНТЕРСКО ДРУЖЕЊЕ

Оние кои се нестрпливи до сабота да се воздржат од лудување, ги покануваме вечерва (среда, 5-ти декември) да ни се придружат на Таксират pre-party дружењето, организирано по повод Светскиот ден на волонтерите.
Забавата всушност е организирана во знак на благодарност кон сите волонтери досега ангажирани на „Таксират“, кои имаа особено значајна улога во успехот на off-програмата на фестивалот, но добродојдени се и сите желни за позитивно дружење и „преслушување“ на звукот што не очекува во сабота. 
Се гледаме вечерва во кафе бар „Браво“ (т.ц. „Буњаковец“, Скопје), со почеток од 21:00 часот.
Преврти го Скопје наопаку!
Ве потсетуваме дека од утре цената на Таксират билетите ќе биде 600 денари, а истите можете да ги најдете во продажните салони на ONE и продажната мрежа на МКтикетс низ Македонија.


Врати се горе ↑