Настани parov stelar

30 октомври, 2012

Таксират 14: ПАРОВ СТЕЛАР со уникатен музички перформанс

Таксират фестивал потврдува уште една одлична вест за љубителите на новиот звук: за главната вечер на Таксират 14 (сабота, 8ми декември), потврден е и настапот на еден од најимпресивните и најосфистицираните современи артисти кој е гаранција за незаборавно доживување, таткото на електро-свинг звукот – ПАРОВ СТЕЛАР и неговиот тим од музички магионичари!

Австрискиот музичар Маркус Фуредер ака Паров Стелар како фантом ја освои глобалната музичка сцена во последните години. Преку неговата музика и неговиот скромен и исклучителен талент не само што се здоби со огромна фан база, туку тој постигна и култен статус како продуцент. Неговата музика под ретро влијание е родена под аурата на елегантност, итрина и чиста енергија. Инспириран од стилови и семплови од најразлини жанрови (соул, поп, џез и свинг) и комбинирајќи ги со модерен „грув“ и ритмови, тој создава неспоредлив и единствен звук.

Специфичниот пристап кон музиката и музичката продукција, во комбинација со неговиот докажан осет за звучна естетика, доведоа до масовни реакции од публиката и колегите ширум светот. Оригиналниот стил, кој комбинира џез со бит хаус и брејкбит, го промовираше Стелар како креатор на новиот жанр електро-свинг, кој веќе стана најактуелниот клабинг тренд. Паров Стелар досега има 8 студиски изданија, од кои веројатно најзначаен е албумот „Shine“ (2007) кој со софистицираноста и непредвидливата инвентивност, го етаблираше овој артист како еден од најнадежните продуценти активни во Европа денес. Неговата музика досега е искористена на повеќе од 700 компилациски изданија, а неговите синглови, тргнувајќи од „Catgroove“, „Chambermaid swing“, „Matilda“ и тн, собираат дестици милиони прегледувања на „Јутјуб“. Годинава Паров Стелар го објави и последното студиско издание, двојниот албум „The princess“, кој ќе го претстави на концертот во рамките на Таксират 14.

За неговите настапи во живо Паров Стелар го има својот тим од музички магионичари со кои ја превзема сцената. Перформансите на Паров Стелар бенд се едни од најимпресивните преточувања во живо на електронската музика кои можат да се видат денес.

Настапот на Паров Стелар е во рамките на главната фестивалска вечер на Таксират 14 која ќе се одржи на 8ми декември 2012 во „Метрополис Арена“ во Скопје. Својот настап на Таксират 14 веќе го потврдија, ворлдмјузик-панк бунтовницие ЧЕ СУДАКА, нескротливата атракцијатаСКИНДРЕД кои беа прогласени за „The best live bend“ за 2011та од реномираното списание Metal Hammer, реге-иконата ТАЊА СТИВЕНС и ЧИСТА ОКОЛИНА – култната рап унија која се враќа на сцена после 11 години. Наскоро очекувајте ги и останатите артисти кои ќе бидат задолжени за уште едно незаборавно Таксират издание.

 

ТАКСИРАТ ПРОМО ВЛЕЗНИЦИ
Ве потсетуваме дека веќе е во тек претпродажбата на влезниците за Таксират 14.
И годинава Таксират ја продолжува својата традиција да биде најефтин европски фестивал без конкуренција.
Првите 1000 влезници за главната вечер на Таксират, ќе се продаваат по промо цена од 450 денари, а по нивното распродавање, цената ќе биде 600 денари.

Таксират влезниците можете да ги најдете во продажните салони на ONE и продажната мрежа нa МКтикетс низ Македонија:
Скопје: Југотон Рекордс, Кафе Круг (Ареодром), Superfly, Камарад (Рамстор), Розе (Веро 2), Супер Тобако (Лептокарија);
Куманово: Агора;
Битола: Хард Рок;
Кочани: Комисион Шишко;
Штип: Дом на млади;
Охрид: ZZ TOP;
Гевгелија: Кафе Корзо;
Прилеп: City Tobacco;
Струга: Мезе Бар Кингстон;
Тетово: Амнезија.


Врати се горе ↑