Македонија 242198_koncert_muzyka_molodyozh_klub_foto_tolpa_aplodisme_3648x2736_www.GdeFon.ru_

26 октомври, 2012

ТАКСИРАТ 14: ЧИСТА ОКОЛИНА се враќа на сцена

Таксират фестивал има особена чест после 11 години пауза од музичката сцена, на својата сцена да ја пречека една од најистакнатите хип хоп групи во Македонија, суб-културниот феномен ЧИСТА ОКОЛИНА.  Првата и култна рап унија кај нас, со вистински и чист концепт за рап и хип-хоп суштината, своето последно концертно појавување го имаше токму на Таксират 3 во 2001ва. Единаесет години подоцна, Чиста Околина конечно се враќа на сцена и продолжува од истото место.

Оформена во 1989та година со здружувањето на неколку млади рап бендови, Чиста Околина првите три години настапува само на свои приватни рап забави низ градот, а во 1992ра година се случуваат првите позначајни настапи: „Rap’n’Roll фестивалот“ во МКЦ и неколку клубски свирки.

По овие настапи кон Чиста Околина се придружуваат: Џоге, Митко Гаштаровски и Ванчо Дамјански. До 1994та и соработката со истакнатиот алтернативен рок бенд Last Expedition на песнатаЌељав Дабар“, групата беше позната само во подземните кругови. Но активното работење, а посебно соработката со Last Expedition, го отвори слухот на пошироката музичка јавност за квалитетот и капацитетот на Чиста Околина. Песната „Кељав Дабар“ според музичката емисија „Досие“ беше прогласена за Песна на 94та година. Во 1995та година следуваат учества и настапи на неколку фестивали: Strip & Sound фестивалот, Трот Фест, Годеа Лаут фестивалот, учество во компилацијата „Македонски Документ – чекор втор“.

Последниот концерт на Чиста Околина беше во 2001ва година на третото издание на Таксират Фестивал. Тогаш Таксират беше отворен со Чиста Околина, во првата хала на Скопскиот саем. Овојпат, „новиот аспект на старата школа“ е сцената во „Метрополис Арена“ која ќе ги пречека момците од Чиста околина и нивната уникатна музичка концепција за старото добро хип хоп лудило.

Денес (петок, 26ти октомври) стартува претпродажбата на влезниците за Таксират 14.
И годинава Таксират ја продолжува својата традиција да биде најефтин европски фестивал без конкуренција.
Првите 1000 влезници за главната вечер на Таксират, ќе се продаваат по промо цена од 450 денари, а по нивното распродавање, цената ќе биде 600 денари. 
Таксират влезниците можете да ги најдете во продажните салони на ONE и продажната мрежа наМКтикетс низ Македонија:
Скопје: Југотон Рекордс, Кафе Круг (Ареодром), Superfly, Камарад (Рамстор), Розе (Веро 2), Супер Тобако (Лептокарија);
Куманово: Агора;
Битола: Хард Рок;
Кочани: Комисион Шишко;
Штип: Дом на млади;
Охрид: ZZ TOP;
Гевгелија: Кафе Корзо;
Прилеп: City Tobacco;
Струга: Мезе Бар Кингстон;
Тетово: Амнезија.


Врати се горе ↑